„Италија и Германија се срам за фудбалот“

by
1 минути читање

Словачка беше во одлична позиција да обезбеди полуфинале, имаше гол разлика од 6-3 и го чекаше исходот од последната група.

Италија имаше водство од 1-0 против Германија, тоа беше единствениот резултат кој ги водеше двете селекции во полуфиналето под претпоставка Чешка да не ја победи Данска.

Откако стана јасно дека Чесите нема да успеат, во последните минути од натпреварот помеѓу Италија и Германија, ниту една репрезентација не се обидуваше да победи, повеќе беа фокусирани да не примат гол.

„Многу сум разочаран, сите сме разочарани. Немам намера да го гледам крајот на овој турнир. Тоа што го направија Италија и Германија е голем срам за фудбалот“ – изјави Павел Хапала, селекторот на Словачка.

Во полуфиналните натпревари Италија ќе игра против Шпанија, а Германија против Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани