Мурињо не го сака Роналдо, „Специјалниот“ со 100 милиони фунти по капитенот на Англија

by
1 минути читање

Олд Трафорд се
споменува како можна дестинација на Кристијано Роналдо, кој ова лето сака да
замине од Шпанија и Реал Мадрид.

Фановите сигурно ќе сакаат одново да го видат ЦР7 во дресот на
Манчестер јунајтед, но Жозе Мурињо има други планови.

Според денешното
издание на Мирор, „Специјалниот“ им наредил на лидерите на клубот да го
игнорираат Кристијано Роналдо.

Менаџерот на
„Црвените Ѓаволи“ има друг план како да се искористи рекордната сума од преку 100
милиони фунти која ќе биде потребна за ангажман на ѕвездата на Реал Мадрид.

Жозе Мурињо сака
овие средства да бидат употребни за новиот капитен на Англија, Хари Кејн.

Голгетерот на Тотенхем има две одлични години, изминативе две сезони, тој беше
прв стрелец во Премиерлигата.

„Спарси“ инсистираат
дека ниту една нивна ѕвезда не е на продажба, но 100 милиони фунти на маса
добро ќе ги подзамисли лидерите на клубот од Северен Лондон.

Мирор додава дека
Жозе Мурињо е голем фан на Хари Кејн и верува дека Манчестер јунајтед треба да
плати колку и да треба за да го ангажира Англичанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани