50 милиони се малку, Лион му соопшти на Арсенал колку треба да плати за Лаказет

by
2 минути читање

Вчера се појавија
гласини за рекорден трансфер на Арсенал, медиумите од Франција пренесоа дека клубот
од Северен Лондон е во напредни преговори за анагажман на Александре Лаказет во
зделка вредна 50 милиони евра.

Од таборот на
Лион вечерва потврдија дека „Топчиите“ го сакаат напааѓчот, но порачаа дека се
потребни околу 65 милиони евра.

„Немам намера
брзо да го продадам Лаказет, Атлетико има силна жеклба да го купи во јануари
– вели претседателот на клубот, Жан
Мишел Ола.

„Ќе слушнам што
има да каже и самиот Лаказет
.

„Се видов со
Арсен (Венгер) за време на дуелот помеѓу Франција и Англија. Бев со Жерар Улие
(советник на Лион). Венгер му кажал на Улие дека се заинтересирани за Лаказет
.

„Но прерано е да
се каже дека ќе има трансфер
.

„Сите знаат дека
понудата на Атлетико изнесуваше 53 милиони евра, плус 12 милиони во бунуси. Тоа
се 65 милиони евра
.

„Арсенал знае
дека мора да плати слична сума
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани