Уште една зделка „И волкот сит  и овците на број“: Астон Вила по 60 дена се раздели со засилувањата од Јувентус

by bojan
1 минути читање
Емери

Астон Вила денеска го испрати Енцо Баренечеа на позајмица во Валенсија, а претходно на позајмица во Болоња го испрати Самуел Ајлинг Џуниор, кои беа купен од Јувентус на крајот од јуни во зделка вредна 22 милиони евра, плус додатни 6 милиони евра во бонуси.

Астон Вила до крајот на јуни мораше да прибере средства од продажба на играчи со цел да ги балансира сметките и да избегне казна за прекршување на правилата за финансиски фер плеј, една од сомнителните зделки беше таа со Јувентус во која „старата дама“ реши да инвестира 50 милиони евра за ангажман на Даглас Луиз.

За возврат, Астон Вила купи двајца фудбалери на Јувентус, односно за 14+3 милиони евра го донесе Самуел Ајлинг Џуниор, а за 8+3 милиони евра го ангажираше Енцо Баренечеа.

На сите уште тогаш им беше јасно дека двата клуба само ги штелуваат сметките, и 60 дена подоцна ова се потврди.

Астон Вила не смета на двете засилување од Јувентус, Самуел Ајлинг Џуниор го прати на позајмица во Болоња, а Енцо Баренечеа денеска е пратен на позајмица во Валенсија.

На крајот испадна онаа народната – И волкот сит и овците на број.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани