Брера победи во младинската Лига на шампиони и испиша историја

by riste
0 минути читање

Младинската екипа на Брера Струмица со 3-0 ја победи екипата на Санта Колома од Андора во првиот меч од Лигата на шампионите.

Ова е историски триумф бидејќи е прв на македонски тим во младинската Лига на шампиони.

Во првото полувреме немаше голови, натпреварот беше отворен во 57. минута со гол на Глигор Бучков.

Истиот фудбалер зголеми на 2-0 во 80. минута, а точка на мечот стави Филип Кулески на три минути пред крајот на мечот.

Реваншот меѓу Брера и Санта Колома се игра на 14 октомври од 15 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×