Добра заработка за Рома, Салах направи рекорден трансфер на Енфилд

by
1 минути читање

Јирген Клоп го
доби првото засилување за сезоната 2017/18, Ливерпул вечерва го комплетираше
трансферот на Мохамед Салах од Рома, во рекордна зделка за двата клуба.

Репрезентативецот
на Египет се сели на Енфилд за 42 милиони евра (36,9 милиони фунти) како и
дадатни бонуси од 8 милиони евра (7 милиони фунти) со што потенцијалната цена
на трансферот може да биде 50 милиони евра (43,9 милиони фунти).

Па Мохамед Салах
е најскапо засилување во историјата на Ливерпул, претходно рекордот му
припаѓање на Енди Керол (35 милиони фунти)

Фудбалерот исто
така е и најголема продажба на Рома, далеку подобра од зделката во која Ерик
Ламела за 35 милиони евра се пресели во Тотенхем.

„Волчицата“ од
овој трансфер може да заработи околу 30 милиони евра откака плати 20 милиони за
ангажман на Мохамед Салах (5 милиони за едногодишна позајмца и 15 милиони за
целосно да го откупи играчот од Челси).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани