206
Во медиумите денеска се појавија информации дека Нејмар сака да се врати во Барселона и се понудил на каталонците, но изгледа дека во овие пишувања нема вистина.
Се пишуваше дека Нејмар се понудил да се врати во Барселона, но одговорот на тренерот Флик бил дека не му е потребен во овој момент.
Сепак, вечерва се огласија од таборот на Нејмат од каде што ги демантираа таквите информации.
„Нејмар има договор со Ал Хилал и е среќен во Ријад. Наскоро ќе се врати на терените за да ги воодушевува навивачите“, соопштија од тимот на Бразилецот.