Јувентус ги пикираше Дармиан и Де Шиљо како приоритетни за бековските позиции, но има и други алтернативи

by
2 минути читање

Познато е дека на
излезна врата од Јувентус ова лето е бразилскиот тандем на обете страни на
бековските позиции, Дани Алвес и Алекс Сандро, Јувентус како првични решенија
за овие позиции гледа во Матео Дармиан, односно Матија Де Шиљо.

Дармијан има
важечки договор со Манчестер јунајтед до 2019. година, додека пак Де Шиљо е се
чини најидеалното решение, тој има договор со Милан кој трае до 2018. година,
за него се поизвесно е дека нема место во новиот Милан кој гради амбициозен тим
во мисијата да се врати на старите патеки.

Сепак,
италијанските медиуми пренесуваат дека тимот од Торино во шпанскиот бек од
редовите на Арсенал, Ектор Бељерин гледа идеална алтернатива во случај на
неуспех да ги доведе во своите редови првичните два бека кои се пореални како
опции.

Останува отворено
прашањето колку опцијата Бељерин да се пресели во редовите на Јувентус е
веројатна, од причина што шпанскиот бек пред извесен период стави потпис на
нов, долгогодишен договор со Арсенал, кој го обврзува на верност до 2023. година.

Како втора алтернатива за Јувентус за освежување на бековските позиции ова лето се појавува Бразилецот Данило од редовите на Реал Мадрид.

Данило има важечки договор со европскиот првак до 2021. година, но се чини дека за него место во клубот за идната сезона нема да има, па ова е можеби најреалната варијанта која се појавува како решение за Јувентус.

Италијанските медиуми во текот на вчерашниот ден пренесоа дека агентот на Данило веќе остварил нова средба со челниците на Јувентус.

Како опција се наведува и неговиот сонародник од Монако, Фабињо, но тука се јавува проблем за Јувентус, и двајцата претходно наведени потенцијални засилувања за тимот од Торино немаат европски пасош, италијанскиот шампион веќе искористи една од двете можни опции, откако го доведе младиот уругваец Родриго Бентанкур од Бока Јуниорс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани