Мурињо вели дека е чист, еве колку милиони евра данок платил Португалецот и тоа по стапка од 41%

by
2 минути читање

Португалецот е
обвинет дека креирал корпоративна структура во даночни раеви со која ги прикрил
приходите од имиџ правата и затаил 3,3 милиони евра во 2011 и 2012, кога беше
дел од Реал Мадрид.

„Специјалниот“
вечерва ги негираше ваквите обвинвуања и откри дека за време на престојот во
Мадрид платил над 26 милиони евра на име на данок и тоа по стапка од 41%.

„Жозе Мурињо нема
добиено известување во врска со информациите кои беа објавени денеска”
– гласи
соопштението кое го испрати агенцијата која го застапува менаџерот на Манчестер
јунајтед.

„До овој момент,
ниту даночните власти од Шпанија, ниту пак јавното обвинителство нема остварено
контакт со Жозе Мурињо или пак неговите советници кои беа ангажирани поради
истрагата”.

„Жозе Мурињо, кој
живееше во Шпанија од јуни 2010 до мај 2013, плати повеќе од 26 милиони евра на
име на даноци со просечна даночна стапка од 41%. Исто така го прифати предлогот
што даночните власти го понудија во 2015 во врска со годините 2011 и 2011, и
спогодбено се договори за годината 2013”.

„За возврат,
даночните власти издадоа сертификат со кој се потврдува дека сите обврски се
подмирени”.

Покрај
соопштението беа објавени и документите со кој даночните власи потврдуваат дека
Жозе Мурињо уредно ги подмирлил обврските.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани