94
Шпанија е првата
репрезентација која обезбеди полуфинале на Европското првенство за играчи до 21
година.
„Црвената Фурија“
вечерва ја демонстрираше својата моќ и против Португалија и со 1-3 славеше над
соседот.
Резултатот го
отвори Саул Њигез во 21. минута, фудбалерот на Атлетико Мадрид со одличен соло
пробив се ослободи од неколку играчи и погоди за 0-1.
По една брза
контра, Деулофеу му асистираше за Рамирез за водство на Шпанија од 0-2.
Брума со
прекрасен гол намали на 1-2 во 77. минута, но сите дилеми ги реши Ињаки
Вилијамс во судиското надополнување.