202
Денеска е историски ден за македонскиот клупски фудбал, во веќе далечната 1992 година официјално почнала Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ)
Прв стрелец бил играчот на Пелистер, Бруно Пресилски кој во 4. минута донел водство за својот тим против Рудар.
Во тоа коло биле постигнати следниве резултати:
Вардарски – Слога Југомагнат 0:0
Борец – Тиквеш 2:2
Македонија – Беласица 0:0
Пелистер – Рудар 5:0
Победа – Вардар 1:1
Металург – Силекс 2:0
Саса – ФЦУ 2:1
Осогово – Тетекс 3:0
Балкан – Брегалница 2:1
Вардар и покрај тоа што стартувал со реми, на крајот сезоната ја завршил на првото место со дури 21 бод повеќе пред Силекс и Балкан и гол разлика од плус 103.
Извор: macedonianfootball.com