Бојан Миовски е регистриран во Ла Лига и ќе дебитира во недела на гостувањето кај Атлетико Мадрид, досега беше неизвесно кој е бројот на Македонецот, но веќе нема дилеми, тоа е 19.
На неодамнешната промоција Бојан Миовски беше без бројка на грбот, па беше нејасно што одбрал да носи.
„Деветката“ која ја носеше во Абердин е зафатена, таа ја доби Абел Руиз кој исто така е ново засилување, но во Жирона пристигна пред Миовски.
Македонскиот напаѓач оваа сезона ќе настапува со бројот 19.
Првиот натпревар за својот нов клуб Миовски ќе го има во недела кога од 21:30 часот Жирона му гостува на Атлетико Мадрид.
Според шпанските медиуми не се очекува Миовски да одигра цел меч, но би требало да добие задоволителна минутажа како за прв натпревар.