На десет дена до крајот на преоден рок, Астон Вила и Брајтон се дел од клубовите кои потрошија најмногу ова лето, зад нив се клубови како ПСЖ, Баерн, Атлетико, Барселона, Реал, Јуве, Рома, Милан и многу други гиганти ширум Европа.
Гигантите од Европа пред неколку години се обидоа да формираат Суперлига во желбата дополнително да ги наполнат своите буџети и да имаат повеќе пари за трошење на засилувања и плати.
Но се чини дека Суперлигата е веќе присутна и се вика Премиерлига. Моќта на клубовите од најсилното првенство на Англија расте од година во година, и се поголем е јазот во однос на останатите од Европа.
За тоа колку им се големи буџетите говори фактот дека Астон Вила и Брајтон на десет дена пред крајот на преодниот рок имаат потрошено повеќе од клубови како ПСЖ, Баерн, Атлетико, Барселона, Реал Мадрид, Јувентус, Рома, Милан, Интер и многу други.
Брајтон синоќа го собори сопствениот трансфер рекорд и одвои 40 милиони фунти (околу 46,5 милиони евра) за ангажман на Жоржинио Рутер од Лидс, и вкупната сума за засилувања ја искачи на 170 милиони евра. Претходно беа купени Минтех, Вифер, Груда, Осман и Јалкује.
Астон Вила исто така ова лето го собори сопствениот трансфер рекорд кога одвои 60 милиони евра за ангажман на Амаду Онана. Со претходните трансфери на Матсен, Арчер, Филоџин, Ајлинг Џуниор, Добин, Баренечеа и Баркли, вкупната сума е нешто над 176 милиони евра.
Најблиску до нив е ПСЖ, кој инвестираше нешто под 170 милиони евра во Жоао Невеш, Десире Дуе, Вилијан Пачо и Матвеј Сафонов.
Баерн Минхен пак инвестираше околу 142 милиони евра во Мајкл Олисе, Жоао Палиња, Хироки Ито, Брајан Сарагоса и Арминдо Сиб.
Борусија Дортмунд до овој момент потроши околу 80 милиони евра, а актуелниот шампион Баер Леверкузне само 53 милиони евра. РБ Лајпциг на нашиот Елиф Елмас, пак одвои нешто над 40 милиони евра на нови засилувања.
Во Серија А, Јувентус до овој момент е најголем трошаџија со нешто под 90 милиони евра, Рома е тука некаде со нешто под 89 милиони евра, Аталанта и Милан имаат потрошено слична сума или околу 72 милиони евра, додека пак интер инвестираше само 15 милиони евра (или околу 63 милиони евра доколку се земат во предвид играчите како Фратези, Агусто и Арнаутовиќ кои пристигнаа на позајмица минатата сезона).
Атлетико Мадрид е најактивен во Шпанија до овој момент и инвестираа околу 140 милиони евра, Барселона има потрошено нешто под 60 милиони евра, додека пак Реал Мадрид нема потрошено ништо, иако можат да се споменат 50 милиони евра за Ендрик и Хоселу, првиот е капарисан уште во 2022, а вториот беше купен само за му се дозволи без мака да направи трансфер во Катар.
Астон Вила и Брајтон во моментов ќе беа на врвот доколку не беше Челси, „сините“ изминативе две години се најголеми трошаџии, па и ова лето се на прво место со инвестирани речиси 190 милиони евра.
Обложувалницата Моцарт сите нови играчи нуди огромен бонус, регистрирај се ТУКА и добиј бонус до 400 евра.