146
Натпреварот од второто коло на Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Работнички заврши со нерешени 1-1.
Голот кој го постигна Шкендија беше навистина комичен, најсмешниот момент во колото, како и кандидат за најсмешен гол во сезоната. По еден удар на тетовчани топката удри во стативата, па се одби од голманот Алексовски.
Потоа се истркала по линијата, а Дин Аломеровиќ наместо да ја исфрли – си даде смешен автогол.