Уште во првото коло од Премиер лигата видовме контроверзен момент во кој беше поништен гол на Езе во гостувањето на неговиот Кристал Палас против Брентфорд.
По натпреварот Езе откри дека и судијата Самуел Берот во разговор по завршувањето на натпреварот му признал дека погрешил со тоа што го поништил погодокот.
„Судијата по натпреварот ми призна дека прерано досудил прекршок, па така во ред е, сите грешат, иако тоа беше гол кој можеше да направи разлика. Сепак, ние имавме уште неколку шанси да постигнеме гол, па така ова беше еден од оние натпревари во кои топката „не ве сака“. Немаме што премногу да направиме, одиме на следниот натпревар“, изјави Езе.
Брентфорд на крајот го доби натпреварот со 2:1, а за контроверзната ситуација судијата немаше можност да гледа ВАР бидејќи се работеше само за тајмингот кога се досудил прекршокот, а ВАР за такви ситуации не се користи.