Донарума ќе си оди, Милан ќе бара нов голман, кои се опциите?

by
1 минути читање

Неуспешно завршија преговорите помеѓу Милан и Донарума, најмногу „благодарение“ на неговиот агент Мино Рајола соработката помеѓу двете страни ќе заврши.

Милан кој со новите сопственици влегува во сериозни инвестиции за конкурентен тим, ќе треба да купи и нов голман.

Најлогично решение во моментов е голманот на Манчестер Сити, Џо Харт кој минатата сезона ја помина на позајмица во Торино.

Харт имаше период од една година да се навикне на италијанската лига, сигурно нема да остане во Сити, па се наметнува како одлично решение за голот на Милан.

Во медиумите во Италија се споменуваше и името на Пепе Реина како опција за Милан, но од Наполи стигна демант дека би го продале голманот на друг италијански тим.

Опција може да биде и Матија Перин од Џенова кој важеше за еден од најталентираните голмани во Италија.

Голман кој би го напуштил својот клуб за трансфер во Милан е и Каспер Шмајехл од Лестер, ако се знае дека убавата бајка на овој англиски клуб е веќе завршена.

Како и да е, Донарума му отвори работа на Милан која клубот не ја посакуваше, да купува нов голман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани