133
Утрешниот меч меѓу Шкупи и Воска наместо на Чаир ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
„Против Воска ќе играме во Маџари. Поради високите температури, стадионот Чаир има некои оштетувања, па сезоната ќе ја почнеме на стадионот „Борис Трајковски““, стои во соопштението на Шкупи.
Натпреварот се игра утре (недела) со почеток од 17 часот.