Андре Онана се обиде да го исфрли од ритам Елринг Халанд во пенал серијата, му покажуваше каде да шутира и му остави огромен простор, но Норвежанецот остана смирен и мајсторски го спушти на земја.
Манчестер Сити денеска на пенали го совлада Манчестер јунајтед во Комјунити Шилд за прв трофеј по три неуспешни обиди во низа.
Во пенал серијата имаше интересен дуел помеѓу Андре Онана и Ерлинг Халанд, голманот се обиде да го исфрли од ритам напааѓчот, па му покажа каде да шутира и намерно му остави поголем простор во тој дел од голот.
Камерунецот сметаше дека Норвежанецот ќе наседне на провокацијата, па се затрча и се фрли на таа страна, но Халанд остана присебен и биеше по земја во спротивната страна за рутински гол.
Andre Onana attempted to play mind games with Erling Haaland during the penalty shootout, but It didn't work 😅 pic.twitter.com/uU5YfoX0gc
— CentreGoals. (@centregoals) August 10, 2024