Името на Стефано Сенси своевремено беше едно од најбараните во Италија.
Во 2019 година Интер го договори трансферот на младиот Сенси од Сасуоло, тој дојде на платена позајмица од два милиони евра, плус уште 25 милиони за потписот следното лето. Пристигна како еден од најголемите таленти на „чизмата“, му се предвидуваше дека ќе биде новиот лидер на репрезентацијата и Интер, меѓутоа тогаш дојдоа повредите.
Поради проблемите кариерата на Стефано Сенси целосно ја смени својата траекторија.
По две години во кои не се наметна во Интер, Сенси замина на позајмица во Сампдорија, а потоа беше позајемн една сезона и во Монца. Во минатата сезона тој одигрсамо пте натпревари за Интер и тоа не собра ниту 90 минути, поточно одигра само 80 на сите мечеви.
Договорот на Сенси со Интер истече и тој реши да се пресели во Монца, каде што доаѓа како слободен агент.