Македонскиот фудбалер Кристијан Ацковски и дефинитивно следната сезона нема да настапува за екипата на Шкупи.
26-годишникот во претходните две сезони беше дел од таборот на „чаирчани“, ова лето имаше понуда да ја продолжи соработката, но се реши за нов предизвик. Ацковски инаку игра на средината од теренот, настапува како последен играч за врска, а во минатото беше дел од младинските репрезентации на Македонија до 19 и 21 година.
Ацковски потекнува од Работнички, имаше една позајмица во Борец, а потоа во 2020 година се пресели во Брегалница. По успешните настапи за „сините“ од Штип потпиша договор со Шкупи за кој запиша 43 настапи.
Во моментов 26-годишниот фудбалер ги разгледува опциите за иднината. Имаше преговори за трансфер во првата хрватска лига, размислува и за Бугарија, а не изостануваат ниту понудите од ПМФЛ.