Миовски ќе биде замената за најдобриот стрелец во Ла Лига, паднал договор за трансфер во Жирона

by bojan
1 минути читање

Според пишувањата на Мундо Депортиво, Бојан Миовски ќе биде замената за Артем Довбик во Жирона, начелно е постигнат договор за трансфер на Македонецот.

По одличните настапи во Шкотска минатата сезона, неколку клубови пројавија интерес за услугите на Бојан Миовски, а последните информации велат дека напаѓачот се сели во Шпанија.

Македонецот ќе биде замената за Артем Довбик во Жирона, кој минатата сезона беше најдобриот стрелец во Ла Лига.

Мундо Депортиво објави дека начелно е договорен трансфер на Бојан Миовски и останува уште да се испеглаат деталите за да се реализира зделката.

Жирона минатата сезона беше најпријатното изненадување во Ла Лига, момците на Мичел долго време им пркосеа на Барса и Реал, и обезбедија топ четири финиш и настап во Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани