По турнеата во САД, екипата на Реал Мадрид се врати во Мадрид каде што им се придружија останатите првотимци, а најмногу се издвојуваат Џуд Белингам и Килијан Мбапе.
Во текот на вчерашниот ден Реал одработи тренинг кој беше прв за францускиот голгетер, па сега тимот е комплетен на припремите.
Веќе за седум дена „кралевите“ ги очекува натпревар против Аталанта во Суперкупот на Европа. Белингам и Мбапе пропуштија поголем дел од приптемите поради настапот на Европското првенство, а многумина едвај чекаат да видат како Французинот ќе се вклопи во тимот.
Белингам сега објави една фотографија на социјалните мрежи која изгледа застрашувачки. На фотографијата се: Анчелоти, Мбапе, Камвинга, Чуамени и Менди.
„Назад со моите браќа“, додаде англискиот фудбалер.