Италијанецот сака
уште посилен Челси за атак на сите четири фронта, па „Сините“ ќе
инвестираат силно за засилување на тимот.
Денешното издание
на Мирор пишува дека на листата со желби на Антонио Конте има пет имиња вредни
преку 300 милиони евра.
Ромелу Лукаку од
Евертон е прва цел, и напаѓачот на Евертон наскоро би требал да се врати на
Стемфорд Бриџ во зделка вредна над 85 милиони евра.
Се очекува во
скоро време шампионот на Англија да го потврди и трансферот на Тимуе Бакајоко
од Монако вреден околу 40 милиони евра.
Мирор вели дека
Антонио Конте сака уште еден фудбалер од средниот ред и тоа Марко Верати, кој
ги извести лидерите на ПСЖ дека сака да замине.
Зделката воопшто
не е лесна, Барселона е спремна да плати 100 милиони евра за Италијанецот, но
ниту оваа сума не е доволна за „Светците“ да прифатат продажба.
Антонио Конте сака
уште еден свој сонародник, Леонардо Бонучи од Јувентус.
Стратегот дури е
подготвен да го понуди Немања Матиќ на „Старата Дама“ со цел „Бјанконерите“ да
се согласат на продажба на својот столб од одбраната.
На листата со
желби е уште еден фудбалер на Јувентус, Алекс Сандро, шампионот на
Италија бара 60 милиони евра за левиот бек.
Секако од Стемфорд Бриџ ќе заминат неколку играч, прв веројатно ќе биде Диего Коста кој веќе и известен дека не е дел од плановите на Антонио Конте. Исто така под знак прашалник е и иднината на Немања Матиќ и Сеск Фабрегас