Повеќе нема никакви дилеми дека Хулијан Алварез ќе го засили Атлетико Мадрид, а сега потврда стигна и од Антоан Гризман кој трансферот го најави со објава на социјалните мрежи.
Алварез пристигнува во Атлетико Мадрид како големо засилување и ќе потпише договор на пет години. Манчестер Сити ќе добие оштета од 75 милиони евра, додека 20 ќе бидат исплатени преку бонуси.
Се поврзуваше претходно Гризман и со ПСЖ, но на крајот шпанскиот тим реагираше побрзо.
Во Атлетико со големо задоволство го очекуваат трансферот на Аргентинецот, а еден од оние кои најмногу се радува е и Антоан Гризман кој добива супер соиграч во нападот.
Ќе потсетиме, Алварез го напушта Манчестер Сити во продажба по посериозна минутажа која не можеше да ја добие во големата конкуренција во Манчестер Сити.