Во 1976 година на Маракана во Белград, на истото место каде што и Ремзи шутираше синоќа, Антонио Паненка премиерно изведе пенал со таков шут кој подоцна го доби името по него.
Ремзи вели дека не знаел за тоа, причината поради која што одлучил за таков шут е сосема друга.
„Голманот на Србија ми ја бараше топката и му ја дадов. Ми рече дека ќе остане во средина и дека и јас ќе шутирам по средина. Затоа одлучив да шутнам таква топка на десната страна“ – открива Арон Ремзи.
„Дури потоа ми рекоа дека Паненка тука го дал тој гол, чувството е уште поубаво поради тоа. Што се однесува до мене, само сакав да дадам гол, бев смирен и сигурен во себе“.
Интересно е и тоа што Ремзи никогаш претходно не извел таков шут.
„Знаев што правам пред да шутнам и задоволен сум што испадна така. Секогаш постои ризик при вакви удари, но јас излегувам на теренот и уживам. Тоа беше голем натпревар, голем момент за квалификациите на нашиот тим, но бев потполно смирен“.
Натпреварот помеѓу Србија и Велс заврши нерешено 1-1.