Крај на сагата со Нико Вилијамс! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Oдличниот Нико Вилијамс и наредната сезона ќе биде дел од Атлетик Билбао.

Долго време се поврзуваше Вилијамс со Барселона, но очигледно преговорите завршиле неуспешно и ова лето напаѓачот нема да се пресели во Каталонија.

Потврдата дека останува во Билбао дојде токму од самиот Вилијамс.

„Се вратив и со нетрпение чекам да ја започнеме новата сезона. Напред Атлетик“, зборува Вилијамс во објавеното видео на социјалните мрежи.

Барселона од друга страна сега веројатно ќе се насочи кон Дани Олмо кој исто така од претходно е нивна мета.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани