66
Селекцијата на
Србија спасуваше бод на домашен терен против Велс во шестото коло од групата „Д“
од квалификациите за СП Русија 2018.
Велшаните први
дојдоа до водсто и тоа со мајсторијата која ја приреди Арон Ремзи во 35. минута,
од белата точка погоди со паненка која на крајот заврши толку успешно што
Владимир Стојковиќ беше испратен на спротивната страна, целосно во немоќ да ја
спречи оваа мајсторија.
По овој натпревар
во Белград, Србија со 12 бода е на делба на првото место во оваа група заедно
со Ирска, следат Велс и Австрија со по 8, Грузија со 3 и Молдавија со 2 бода.