Лапорта е подготвен да го купи Нико Вилијамс и следното лето, но под еден услов

by bojan
1 минути читање
Нико Вилијамс

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не се откажува од идеата да го купи Нико Вилијамс, ќе се обиде да го донесе уште овој месец, а остава и простор зделката да се реализира следното лето, но под еден услов.

Нико Вилијамс е идентификуван како топ трансфер цел на Барселона ова лето, и се чинеше дека напаѓачот е пред преселба на Камп Ноу.

Но под притисок од семејството, Нико Вилијамс се повеќе навалува кон останување во Атлетик Билбао.

Како што пренесува Мундо Депортиво, Жоан Лапорта не губи надеж и ќе прави напор да го донесе Шпанецот до крајот на овој месец.

Претседателот на Барса е отворен и за идеата да се реализира зделката следното лето, но под еден услов.

Откупната клаузула на Нико Вилијамс ќе треба да остане иста како сега за Барселона да тргне по неговте услуги.

Доколку фудбалерот стави потпис на нов договор со нова откупна клаузула од 100 милиони евра, практично ќе нема шанси за трансфер на Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани