Утре на „Телеком
Арена“, „Црвено-жолтите“ ја пречекуваат моќната Шпанија во натпревар од
квалификациите за мундијалот во Русија.
„Играме против
репрезентација која е помеѓу четирите најдобри во светот“ – рече селекторт на
Македонија, Игор Ангеловски на денешната прес конференција.
„Но без разлика
колку е силен противникот, очекувам моите фудбалери да го дадат максимумот и да
го одиграат најдобриот натпревар”.
„За ваква средба
не ни треба дополнителна мотивација”.
„Имав доволно
можности да ја анализирам играта на Шпанија под водство на Лопетеги. Нивната
игра е за почит но верувам дека ќе ги откриеме и искористиме грешките на
противникот”.
„Нема да отстапам
од мојата офанзивна тактика и без разлика на тоа што играме против Шпанија,
верувам дека ќе ни донесе нови причини за задоволство”.