Многу дилеми низ
јавноста пуштаат шпанските медиуми, кои се погласно прашуваат дали е се под
контрола во соблекувалната на нивната репрезентација, односно, дали клупското
ривалство е ставено вон репрезентативните обврски.
Хулен Лопетеги, и
покрај тоа што го игнорира овој проблем, се чини дека молкот кој тој го
насочува кон медиумите во Шпанија во однос на оваа тема доволно говори, каде
што има чад, има и оган.
Познато е дека во
последниот период ривалството помеѓу фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона
речиси ги премина сите граници, па во центарот на вниманието се најдоа Џерард
Пике и Серхио Рамос кои си упатуваа бројни вербални коментари на социјалните
мрежи, прашање е дали нивното ривалство негативно влијае врз останатите во
националниот тим на Шпанија.
Еден од оние кои
се обиде да ја спушти топката на земја е Карвахал, фудбалерот на европскиот
шампион наведе дека Пике му честитал за одличната сезона и го прегрнал.
Освен сомнителната атмосфера во противничкиот тим, нашите фудбалери шансата ќе ја бараат и во следниот податок – Дури шестмина фудбалери на Шпанија (Серхио Рамос, Бускетс, Пике, Тијаго, Витоло, Диего Коста) се под закана од суспензија за следниот дуел, можеби најважниот за нив, против Италија во Мадрид (септември) во битката за првото место и директен пласман на Мундијалот во Русија идната година.
Дуелот помеѓу
Македонија и Шпанија утре се игра во терминот од 20 часот и 45 минути на „Телеком
Арената“ во Скопје. По петте кола во групата „Г“, Шпанија и Италија се на делба
на првото место во групата со по 13 бодови.
Извор/Фото:
futbol.as.com