195
Брера Струмица за следната сезона во своите редови ќе го нема бразилскиот фудбалер Лео Антонио.
Играчот од средината на теренот заминува од Струмица и ќе настапува во српското првенство за Спартак Суботица. 27-годишникот мина во Брера една сезона, откако претходно пристигна од украинскиот прволигаш Лвив. Бојан Круљ нема да може да смета на Антонио во следната кампања и клубот ќе мора да му пронајде замена.