877
Хорхе Сампаоли
дебитираше со победа на клупата на Аргентина, попладнево во Мелбурн,
„Гаучосите“ со 1-0 ја добија пресметката со лутиот ривал Бразил.
Во натпревар
кој го одбележаа неколку големи промашувања, стрелец на единствениот погодок
беше Габриел Меркадо.
Десниот бек се најде на право место и во право време
по еден прикин кон финишот на првиот дел и успеа да ја затресе мрежата на противникот.
Бразил можеше да
избегне пораз, но Габриел Жесус се избрука во второто полувреме, и од само неколку
метри, промаши празен гол и ја погоди сативата.
Очигледно среќата
не беше на страната на „Кариоките“ откако во продолжението од акцијата и
Вилијан ја затресе стативата.