Македонскиот прволигаш Вардар по плејадата странски и поискусни засилувања, промовира едно име за иднината.
Старо-нов член на клубот е Дарко Сековски. Младото момче доаѓа назад во Вардар по година и половина во редовите на Македонија Ѓорче Петров.
Се работи за 18-годишен фудбалер кој настапува на позицијата офанзивен играч за врска или плејмејкер. Во претходните сезона ипол за „лавовите“ одигра вкупно 25 натпревари и остави солиден впечаток. Потенцијалот и талентот на Сековски го издвоија меѓу врсниците, а сега пак ќе добие шанса во Вардар.
Младиот Сековски беше дел од младинските категории на Вардар во минатото, а зимата во 2023 година се пресели во Македонија Ѓорче Петров. Тој веќе се приклучи на соиграчите на крајот на подготовките во Словенија.