Мурињо по 1.596 дена се врати во ЛШ и веднаш со критики: Не знам како УЕФА го дозволува ова…

by bojan
1 минути читање
Мурињо

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо ја критикуваше УЕФА и одлуката да се играат натпревари во Лигата на шампиони на вештачка трева.

По 1.596 дена, Жозе Мурињо се врати во Лигата на шампион и со Фенербахче победи на гостувањето кај Лугано со 3-4 во првиот натпревар во второ коло во квалификациите.

И по крајот на натпреварот, тој веднаш упати критики на адреса на Европската куќа на фудбалот.

„Не сакавме да бараме изговори пред почетокот на натпреварот, но тешко е да се игра на вештачка трева… Топката заглавува, играчите не можат да дриблаат, се забавува темпото“ – рече Португалецот.

„Не разбирам како УЕФА дозволува натпревари во Лигата на шампиони да се играат на вештачка трева“.

„Исто така не разбирам како добар тим како Лугано сака да игра на ваков терен. Ова воопшто не е добро за играта“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани