152
Реал Мадрид ја одбрани титулата од најелитното европско натпреварување
откако вечерва со 4-1 во Кардиф славеше над Јувентус.
За „Кралевите“ ова беше 12. трофеј од Лигата на шампионите.
Во завршните мигови од средбата, резервниот голман на „Кралевите“ реши на
интересен начин да ги прослави ова достигнување.
Кико Касиља ја украде таблата за замени на четвртиот судија, ја намести бројката 12 и ја подигна таблата во вис.
Овој момент му побегна на режисерот на преносот, но не и на големиот број камери на Стадионот „Милениум“ во Кардиф.