Буфон: Реал Мадрид покажа класа, ние одигравме лошо второ полувреме…

by
1 минути читање

Реал Мадрид
славеше со 4-1 во големото финале од Лигата на шампионите, за противник го
имаше Јувентус кој се чини дека одигра половично на мечот во Кардиф, одлично
прво полувреме, но лошо издание во второто каде беше решен победникот.

Ние сме премногу
разочарани, игравме одлично во првото полувреме, мислевме дека можеме да
стигнеме до победа од овој натпревар. Не можам да објаснам зошто игравме така
во второто полувреме. Реал Мадрид ја заслужи победата во второто полувреме.
Нашиот противник покажа класа“ истакна капитенот на Јувентус
, Џанлуиџи Буфон по
мечот.

 

Фото: УЕФА

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани