Скандал во Албанија, шампионот на БиХ се повлече од теренот поради навреди кон Србија! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот меѓу Егнатиа и Борац Бања Лука привремено беше во прекин, а причината за тоа не беше ниту малку спортска. Бидејќи Борац е тим од српскиот дел на Босна и Херцеговина, навивачите од Албанија ги дочекаа фудбалерите со навреди.

Навивачите на Егнатиа уште од стартот извикуваа „УЧК, УЧК“, а потоа почнаа и со паролата „Убиј го Србинот“.

Поради тоа судијата Енцо Мареска во консултација со двајцата капитени го прекина мечот. Тоа се случуваше во 13. минута од натпреварот.

Сепак, потоа официјалниот спикер побара од присутните да не прават дополнителни проблеми, играчите се вратија на теренот и го доиграа натпреварот.

УЕФА овој натпревар го прогласи со висок ризик, а веќе на првиот меч имаше и скандал со навивачите на Борац кои тогаш извикуваа „Косово е Србија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани