Астон Вила прави рекорден трансфер!

by bojan
1 минути читање
Онана

Неколку извори пренесуваат дека Астон Вила е пред ангажман на Амаду Онана од Евертон во рекордна зделка вредна околу 50 милиони фунти.

Амаду Онана ова лето беше мета на неколку клубови како Арсенал, Челси и Баерн Минхен, но последните информации велат дека Астон Вила ја добива трката за фудбалерот од средниот ред.

Клубот од Вила Парк за кратко време пронашол заеднички јазик со репрезентативецот на Белгија и доставил понуда до Евертон.

Двата клуба сега водат преговори, кои бележат добар прогрес и се очекува да падне договор за трансфер од 50 милиони фунти, сума со која ќе биде рекордна за Астон Вила.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани