Очајните Германци бараат од УЕФА нешто кое никогаш претходно не се случило

by Стефан
1 минути читање

Навивачите во Германија се уште не можат да се помират со елиминацијата во четвртфиналето од Европското првенство и како што стојат работите тоа нема да го направат никогаш.

Исто како што УЕФА нема никогаш да го повтори натпреварот со Шпанија, нешто за кое во Германиај е отворена петиција.

Во Германија се разочарани од судењето на Ентони Тејлор во овој натпревар и сметаат дека англискиот арбитар ги оштетил за чист пенал при играњето со рака на Кукуреља. Подоцна во јавноста за таа ситуација се огласи шефот на Судиската комисија на УЕФА, Роберто Росети кој објасни дека Тејлор само ги следел инструкциите на од Европската куќа на фудбалот дадени пред почетокот на првенството.

Иако Кукуреља јасно играше со рака, пенал немаше затоа што УЕФА пред првенството донела одлука играњето со рака кога раката е вертикално надоле зад телото да не се карактеризира како пенал.

Како и да е во Германија тоа нема да го прифатат, а доказ за тоа е и петцијата за повторување на натпреварот која ја потпишале над 30.000 навивачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани