Тиаго Алкантара на 33-годишна возраст реши дека е време за крај на играчката кариера.
По истекот на неговиот договор со Ливерпул, шпанско-бразилскиот фудбалер кој е роден во Италија реши да се повлече. Во таборот на „црвените“ Алкантара мина четири години, а претходно седум години беше член на Баерн Минхен.
Неговиот фудбалски пат започна во Барселона каде што почна од младинските категории, па преку Б тимот дојде до сениорскиот.
Во својата кариера Тиаго Алкантара двапати го крена трофејот во Лигата на шампионите, има две титули на Светското клупско првенство, седум во Бундеслигата, четири во Ла Лига, четири во ДФБ Купот, три УЕФА Суперкупа, три германски Суперкупа, два шпанску Суперкупа, а по еден ФА, Карабао Куп и Комјунити Шилд.