Toни Крос против Шпанија вчера го одигра последниот натпревар во кариерата која ја завршпува со пораз во четвртфиналето на ЕП од Шпанија со 2:1.
Преку социјалните мрежи денеска Крос се огласи и се збогуваше со националниот тим, но и се извини за стартот со кој го повреди Педри. Педри по еден старт од Крос мораше да биде заменет уште во шестата минута и поради повредата го чека пауза од шест недели
.„Кон крајот на септември лани ми се јави Нагелсман и веднаш знаев дека повикот е да се вратам во репрезентацијата. Умот велеше не, но срцето кажа „да“. Првата помисла утрово беше дека сум среќен што направив таква одлука, без разлика на тагата по последниот судиски свиреж.
Не очекував дека за толку краток период ќе се вратиме на исто ниво со најдобрите. Горд сум на постигнатото, цела Германија треба да биде. И една последна, но многу важна работа: Извини Педри и оздрави наскоро! Јасно е дека не сакав да те повредам. Брзо закрепнување и се најдобро. Ти си одличен фудбалер“, објави германскиот ветеран.
Кариерата Крос ја завршува со 429 натпревари на клупско ниво и 49 голови, додека за Германија собра 114 настапи и постигна 17 голови.