Гостивар потврди две нови засилувања

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Гостивар вечерва претстави две нови засилувања.

Душко Трајчевски се врати во македонскиот фудбал и потпиша за екипата на Гостивар.

Трајчевски ја заврши епизодата во Кипар каде што го носеше дресот на Докса за која собра над 140 настапи и постигна два гола.

Во редовите на Гостивар Трајчевски пристигнува како слободен играч. Повторно во ПМФЛ Трајчевски ќе игра по шест години кога тргна во интернационална кариера.

Дресот на Докса Трајчевски го носеше од 2019 година, а настапуваше уште за Алки од Кипар, како и Работнички, Тетекс и Локомотива во Македонија.

Покрај Трајчевски Гостивар го доведе и 19-годишниот Малик Хамзиќ кој доаѓа од Работнички каде што ги помина сите младински категории.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани