Мурињо ги посети хрватските фудбалери: Еден играше за мене, другот ќе игра, третиот… (ФОТО)

by bojan
4 минути читање
Мурињо

Во пресрет на пријателскиот натпревар помеѓу Португалија и Хрватска, Жозе Мурињо се сретна со репрезентативците на „коцкестите“.

Фудбалерите на Хрватска имаа „специјален“ пречек во Лисабон, во хотелот во кој престојуваат пристигна Жозе Мурињо.

Сосема очекувано, стратегот најмногу време поминал со Лука Модриќ, кого го купи кога беше тренер на Реал Мадрид и е еден од најзаслужните за авантурата на фудбалерот од средниот ред во белиот дрес.

За средбата, Жозе Мурињо се „пофали“ на социјалните мрежи, постираше слика во друштво на Модриќ, Ливаковиќ и Манџукиќ, и напиша интересен коментар.

„Едниот играше за мене, другиот ќе игра за мене, а третиот никогаш не играл за мене но посакувам да играше“ – гласеше постот.

Модриќ е тој кој играше под водствот на Мурињо, Ливаковиќ ќе го чека Португалецот во Фенербахче, а Манџукиќ никогаш не соработувал со „специјалниот“.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани