Беше одличен Џуд Белингам во својата прва сезона во Реал Мадрид и веднаш покажа зошто Реал Мадрид за него плати 103 милиони евра, а уште 30 ќе бидат исплатени преку бонуси. Но, сега на за почетокот на наредната сезона може да има проблем со англискиот репрезентативец.
Офанзивниот играч за врска постигна 42 гола и подели 23 асистенции со што го водеше Реал до титулата во Лигата на шампионите. Поради таквата ситуација е омилен помеѓу соиграчите и навивачите, а во текот на целата сезона беше и споредуван со Зинедин Зидан.
Меѓутоа Белингам веќе некое време се бори со болки во левото рамо и сигурно ќе одеше на операција веднаш по завршувањето на сезоната, но тоа сега не е можно бидејќи со Англија го чека настапот на Европското првенство.
Поради таквата ситуација шпанските медиуми пренесуваат дека Белингам ќе биде опериран по настапот на континенталниот турнир. Тоа би можело да е проблем за Реал Мадрид затоа што во таква ситуација би ги пропуштил веројатно припремите, а можеби и стартот на новата сезона.