211
Чапекоенсе го освои државното првенство на Санта Катарина иако загуби на свој терен во реваншот од финалниот плеј-оф меч од Аваи со 1-0. Претходно со истиот резултат тие победија на гостувањето, а при таква ситуација титулата ја освојува оној кој бил подобро пласиран во регуларниот дел.
На 28. ноември минатата година на патот кон Меделин се урна авионот на Чапекоенсе во кој загина речиси целиот тим, се спасија само тројца фудбалери и оние кои поради разни причини останаа дома.
Бразилскиот тим беше комплетно обновен и му се врати на фудбалот во државното првенство на Санта Катарина и Копа Либертадорес.
