Навивачите кои влегоа на теренот на Вембли и го прекинаа мечот ќе заработат по 350.000 евра! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Кога судијата означи старт на финалето од мечот меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, тројца навивачи влегоа во теренот, по што натпреварот извесно време беше во прекин.

Брзо стана познато зошто влегоа во теренот. Во главна улога е белорускиот стримен Андреј Бурим познат како Мелстрој.

Во претодните денови Мелстрој ветил дека кој ќе влезе на теренот со маичка со неговото име ќе добие 350.000 евра од него.

Сите тројца кои влегоа на теренот на Вембли, носеа маичка на која пишува Мелстрој, па веројатно ќе ја добијат ветената сума од него.

Андреј Бурим е еден од најпознатите стримери во Русија и Белорусија, има цело богатство од тоа, па би требало да си го исполни ветувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани