413
Поранешниот македонски репрезентативец, Агим Ибраими ќе се проба во поинаква функција, тој е назначен за спортски директор на фудбалскиот клуб Тирана од Албанија.
Тирана вечерва соопшти дека Ибраими почнува со работа на новата функција.
„ФК Тирна соопштува дека Агим Ибраими е именуван за спортски директор на бело-сините. Клубот постигна договор со Ибраими за долгорочна соработка“, стои во дел од соопштението на албанскиот клуб.