Македонскиот фудбалер Дарко Додев по четири ипол години пак ќе заигра прволигашки во Кратово.
26-годишникот кој се промовира во ПМФЛ играјќи за Силекс, сега се реши за кам-бек откако зад себе имаше бледа сезона во албанска Влазнија и скопски Шкупи. Силекс го промовира Додев како ново засилување од следната сезона.
Во црвено-синиот дрес крилниот фудбалер има најмногу настапи во кариерата, вкупо 60 официјални на кои даде пет гола и подели десет асистенции. Додев тргна во Металург, а рано во кариерата се пресели во Силекс. По една ипол сезона во Кратово тој направи трансфер во Брегалница.
И во Штип играше солидно, беше еден од носителите на играта, а тоа минатото лето му донесе трансфер во Албанија. Додев одигра само девет меча за Влазниа, а потоа минатата зима се врати во Шкупи. Сега пак ќе биде една од опциите во нападот на Силекс.