329
Олимпијакос синоќа со гол на Ел Каби во 116. минута испиша историја, за првпат од своето постоење освои европски трофеј триумфирајќи во Конференциската лига.
Познато е колку се жестоки и пасионирани фановите на Олимпијакос, па по мечот Атина беше преплавена со навивачи. Гореа факели, се пееа песни, во еден момент се појавија и фудбалерите со големиот пехар, се славеше до доцна во ноќта.