607
Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски наредната сезона би можел да игра во клуб кој ќе настапува во Лигата на шампионите.
Според последните информации кои пристигнуваат од Островот, интерес за Миовски покажала екипата на Болоња.
Миовски сезоната ја заврши со 26 постигнати гола вклучувајќи ги головите во Конференциската лига и Купот.
Болоња е во потрага по замена за Џошуа Зиркзе кој најверојатно ќе замине, а Миовски е една од опциите. Претходно македонскиот напаѓач се поврзуваше и со Саутемптон кој сезонава се врати во Премиер лигата.
Најавите се дека Абердин е спремен да го солободи за сума од шест милиони фунти.